Петров: Овој говор го посветувам на мајка ми и сите ваши сакани, кои ја загубиле битката со ракот

t

Даријан Петров, активист и театарски актер од Скопје рече дека неговата мајка ја изгубиле од канцер во 2020, а годината претходно се лекувала на Клиниката за онкологија.

Не би одел во детали за тоа што се случуваше таму, бидејќи би сакал говорот да го фокусирам на нешто друго. Иако низ годините како семејство и лично јас имав многу голема можност да ги замразам институции, нашата земја и едноставно да станам огорчен од нашиот систем, јас одбирам да ја искористам мојата болка во борба и креативност. Наоѓам смисла во активизмот и волонтирањето и тоа е нешто, што ме спаси од самодеструкција. Ве охрабрувам сите, да ја искористиме нашата болка која ја создадоа монструозните умови во нашата земја Македонија и да ја трансформираме во достоинствена борба за подобро утре, во критика на системот на секој можен начин, во градење здрава заедница, здрави вредности, соживот. На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко не. Во земја која е на фрагилни нозе и на Планета која е во уште пофрагилна состојба, да изградиме вредност на почит на секој еден живот, без оглед на етничка позадина, социјален статус или каква било различност, рече Петров.

А тоа, додаде тој, ќе го „започнеме со критика на системот, храброст, активирање и делување“.

Секој еден од нас е одговорен какво ќе биде општеството утре. Верувам дека со мотивација на нашите деца, внуци да размислуваат на овој начин, многу брзо ќе дојдеме до подобар квалитет на животот. Животот е некогаш страшен и тежок и да не дозволиме некои монструозни умови да ни го направат уште потежок. Не за неправдите на Онкологија, не за корумпираноста, не за сите идни неправди. Им го должиме ова на нашите предци, на нас и на следните генерации. Затоа ве повикувам масовните протести да станат норма за неправди како оваа. И овој говор го посветувам на мајка ми и сите ваши сакани, кои ја загубиле битката со ракот, додаде Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…

Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…

„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…

Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…

Министерката за финансии му се закани на…

Како и на генералните седници за пратенички…

Како до сега: Штрајк на контролорите на…

индикатот на контролорите на летање на Македонија…

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…