Петрушевски: Потребно е граѓаните да одлучат дали Ковачевски ќе стане премиер, а не монархот Зоран Заев

t

Ние сме сведоци овој период на една непромена на власт во СДСМ, туку на апсолутна една акција или поточно обид за акција за евакуација на Зоран Заев, Венко Филипче, Мила Царовска и сите оние негови послушници со цел да избегнат одговорност да добијат одреден период во кој што некоја нова непозната екипа ќе им ги позачисти криминалите и така успешно согласно нивните перцепции ќе се евакуираат од се она што го имаат направено изминатите пет години. Парадоксот да биде поголем СДСМ се фалеше, секојдневно можевме да слушаме на нивните прес конференции како била демократска партија, како ја демократизирале со избор на претседател партија, истакна пратеникот Бране Петрушевски на денешната трибина „Исти луѓе, исти вредности“.

Петрушевски додаде дека на граѓаните воопшто не им е важно кој ќе биде претседател на СДСМ и како ќе го изберат. Многу поважно на граѓаните им е како ќе се избере премиер на држава.

– Тука ниту има избори, ниту тој кандидат излегол со програма со политики, туку едноставно Зоран Заев си кажа дека Димитар Ковачевски ќе биде негов наследник. Како да сме некоја монархија во која што монархот во заминување кажува кој ќе биде негов наследник, а не демократски систем каде што мнозинството граѓани на демократски начин на непосредни избори треба да одлучи кој ќе го владее односно кој ќе управува, кој ќе биде премиер на државата. Затоа беше неопходно и се уште е неопходно да имаме итни, брзи предвремени избори, на кои што господинот Ковачевски ќе излезе и ќе си ја презентира својата програма, визија, проекти. Можеби ќе биде подобар од она што го имавме досега од Заев. Но, граѓаните потребно е на избори да одлучат дали Ковачевски ќе им биде премиер или не, појасни Петрушевски.

Петрушевски посочи дека СДСМ дека избрале претседател на СДСМ на демократски начин, занемарувајќи го изборот на премиер на држава.

– Второ што исто така е карактеристично на СДСМ тоа е нивниот маркетиншки и пиарски пристап. Ги слушавте секој ден како зборуваа за стратешки партнер наш САД, но на дело не работат ништо. И тие токму играат на картата на оние граѓани кои што се можеби неинформирани за конкретната област. За тоа што во меѓународна политика се инволвирани многу мал процент на граѓаните и многу мал процент на граѓаните не знаат дека во последните пет години немаме амбасадор, рече Петрушевски.

Петрушевски појасни дека неодговорноста и неработата на СДСМ се забележува во секоја област како што е енергетиката, економијата. Најбитно за власта е да врват камионите на Вице Заев, битно е да се испумпуваат буџетски пари од РЕК Битола и државните фирми, меѓутоа кога се во криза СДСМ тогаш удираат по грбот на работникот. Класичен пример за тоа е последното решение на ЕЛЕМ да отпушти и да испрати работници на принуден одмор.

– Неквалитетната енергетска политика ја доведе во ситуација државата која што до пред некоја година до 70-80% од своите потреби за електрична енергија ги снабдувала од сопствени погони, сопствено производство да имаме денови во кои што имаме нула производство на електрична енергија, нагласи Петрушевски.

Петрушевски укажа дека на сметка на лошата политика на власта во областа на енергетиката граѓаните плаќаат милионски суми во евра за набавка на и те како скапа струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…

Од политичката партија „Левица“ велат дека се…