Објавено на:

Петте најголеми синдикати во Србија дадоа поддршка за студентите во блокада

t

Петте најголеми синдикати во Србија соопштија дека ги поддржуваат студентите во нивните барања, јави МИА од Белград.

Во соопштение објавено денеска по средба одржана во саботата се нагласува дека лидерите на тие синдикати за првпат по подолго време дејствуват заедно.

„Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Конфедерацијата на автономни синдикати на Србија, Обединетите гранкови синдикати – Независност, Здружението на слободни и независни синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати, учествуваа на заедничкиот состанок одржан во саботата, на 22 март, на Филозофскиот факултет во Белград, на повик на студентите во блокада“.

Целта е заеднички да работат на измените на Законот за работни односи и Законот за штрајкови. Донесена е одлука за заедничко синдикално дејствување, како и за формирање работна група од правници што ќе работи на конкретни предлози и усогласување на синдикалните барања.

Првиот состанок на работната група ќе се одржи на крајот на оваа недела во просториите на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

„Во оваа прилика уште еднаш ја изразуваме нашата јасна поддршка на студентите во сите нивни барања“, соопштија од Слога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС го затвори прилепскиот театар – Има…

Дирекцијата за заштита и спасување во текот…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Во САД одбележан Денот на независноста на…

Воената соработка на Вашингтон со Атина е…

(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…

Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…

Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…