Пет години по првата, следува втора “Тиранска платформа” и нови црни сценарија за Македонија?
Четворица лидери на албанските партии во Македонија (Али Ахмети од ДУИ, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Билал Касами од БЕСА и Африм Гаши од Алтернатива) се повикани на средба со албанскиот премиер Еди Рама во вторник, 10.01.2023 година, објавија дел од албанските медиуми без притоа да прецизираат зошто Рама ги свикува претседателите на партиите и за што ќе се разговара.
Ние ги прашавме партиите дали добиле покана за средба и зошто се повикани на истата.
Од Алијанса за Албанците за Инфомакс ја потврдија поканата и велат дека Таравари ќе присуствува на средбата, но не откриваат за што ќе се разговара.
– Така како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби и во овој случај ние ја потврдуваме поканата и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама. – велат од Алијанса за Албанците.
Останатите партии до овој момент се уште не одговараат на прашањата, но може да се претпостави дека сите се поканети, а голема е веројатноста дека нивните лидери ќе присуствиваат на средбата.
Јавноста памети, а ние потсетуваме дека тогашните лидери на истите овие партии (сега и Алтернатива) беа повикани на разговор со Еди Рама во 2017 година, од кој разговор произлезе т.н Тиранска платформа, според некои информации потпишана на 7 јануари.
Датумите се поклопуваат, дали и темите на разговор?
Тогашната Тиранска платформа беше составена од седум точки кои предвидуваа целосна еднаквост и употреба на албанскиот јазик на територијата на Република Македонија, дебата за промена на државните симболи (химна, грб, знаме) за тие да ја одразуваат мултиетничноста на државата, унапредување на статусот на Албанците како джавотворен народ во Македонија, предвидено беше и создавањето на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, ревизија на дел од предметите како Монструм и Диво Насеље…
Петта точка од Тиранската Платформа предвидуваше ,,Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право”, шестата ,, Добри односи со соседите’’, седмата точка ,, Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија’’.
Тиранската платформа своевремено предизвика бурни реакции во македонската јавност, дел од правната фела критикуваше дека е спротивна на уставниот поредок, но тоа не го спречи Зоран Заев да ја искористи како основа за формирање на неговата Влада.
Тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во неколку наврати јасно нагласи дека оваа платформа е пречка за формирање на Владата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќаше условите на истата.
Дел од точките содржани во платформата веќе се реализирани, Законот за употреба на јазиците е донесен, формирано е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Гаши бара од Ковачевски ревизија на Монструм и Диво Насеље…
Оправдан е сомнежот во јавноста дека пет години по потпишувањето на првата Тиранска платформа, сега се спрема нова, втора платформа за докусурување на она малку што останало од Македонија, за таа да биде вистинска држава.
Со неоткривање на целта на поканата албанските партии во Македонија дополнително ја разгоруваат недовербата и мислата дека овојпат се подготвува нешто уште полошо, а полоши можат да бидат малку сценарија, едно од нив е федерализација…
И во дваесет и првиот век Македонија е повторно од сите страни/соседи сардисана…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Левица: Касами повика на рушење на уставниот…
Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…
Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…