Објавено на:

Пет земји во кои е забрането да се слави Божиќ

t

Иако Божиќ во многу делови од светот е симбол на заедништво, подарување и мир, во некои земји оваа традиција не е дозволена, па забраните често вклучуваат одржување на јавни настани, јавни миси или божиќни манифестации. Исто така, во некои земји не е дозволено јавно да се поставуваат новогодишни украси. Поединци кои ќе ги прекршат овие закони може да се соочат со казни.

Во овие земји луѓето мораат да одржуваат прослави во приватни кругови, избегнувајќи отворени и јавни манифестации.

Сомалија
Владата во Сомалија со години спроведува забрана за прослави на Божиќ и Нова година. Оваа забрана е на сила од 2009 година и е усогласена со примената на шеријатското право во земјата.

Една од главните причини е нивната загриженост за можни напади од исламистички групи. Според владин претставник од Министерството за верски прашања, прославите немаат врска со исламот, поради што се сметале за непожелни.

Додека отворените божиќни прослави, како што се оние во хотели или јавни простори, се забранети за сите Сомалијци, странските државјани сè уште имаат право да ги слават празниците приватно во своите домови. Градоначалникот на главниот град Могадишу, Јусуф Хусеин Џимале, појасни дека овие ограничувања важат само за муслиманите, додека оние кои не се муслимани можат слободно да го прослават Божиќ без никаков притисок.

Тој додаде дека целта на оваа мерка е да се спречат можни напади на милитантни групи на јавни собири, особено на Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Северна Кореја
Во Северна Кореја, под строгиот комунистички режим на Ким Џонг-ун, божиќните прослави се строго забранети. Повеќето жители на земјата се идентификуваат како агностици или атеисти, а верските активности се предмет на интензивен владин надзор. Според извештајот на „Експрес“, јавните прослави на Божиќ во Северна Кореја се забранети од 1948 година, кога династијата Ким почнала да воведува ограничувања на верските слободи во земјата.

Иако уставот на Северна Кореја ја гарантира слободата на вероисповед, практиката покажува дека верската слобода во земјата речиси и да не постои. Луѓето фатени како учествуваат во божиќните богослужби или прослави ризикуваат сериозни последици, вклучително и затворање, тортура, па дури и егзекуција.

Брунеи
Малата земја во Југоисточна Азија со која владее султанот Хасанал Болкија забранува отворени божиќни прослави. Сепак, на жителите им е дозволено да го прослават празникот во приватност, под услов однапред да ги известат властите.

Забраната беше донесена во 2014 година, поради загриженоста на властите дека прекумерното славење на Божиќ може да го доведе во заблуда муслиманското население на Брунеи. Прекршувањето на законот може да резултира со тешки казни, вклучувајќи парична казна до 17.000 евра или затворска казна до пет години.

Иран
Во Иран, каде мнозинството од населението е муслиманско, јавните божиќни прослави се забранети, како и активностите како што се украсување новогодишни елки, украсување домови со празнични украси или носење празнична облека.

Оние кои не ги почитуваат овие закони се соочуваат со парични казни или затвор. И покрај тоа, на христијаните во Иран им е дозволено да слават приватно во своите домови или цркви.

Таџикистан
Владата во Таџикистан спроведува забрана за јавни божиќни прослави за да ја одржи социјалната и верската стабилност. Ограничувањата вклучуваат забрана за новогодишни елки, украси и празнична облека на јавни места.

Исто така, лицата кои ги прекршуваат овие прописи може да се соочат со парична казна или затвор. И покрај забраната, исто како и во Иран, христијаните во Таџикистан сè уште можат да го слават празникот во своите домови или цркви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет земји во кои е забрането да…

Иако Божиќ во многу делови од светот…

Католиците и дел од православните го слават…

Католичките верници и дел од православните христијани,…

Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…

Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…

Бајден им го честиташе Божиќ на православните…

Американскиот претседател Џозеф Бајден им го честиташе…

Духовното и национално единство ни е попотребно…

А духовното и национално единство ни е…