Пет косовски државјани приведени во Македонија!

t

Пет лица од Косово се приведени откако синоќа во 21:50 часот кај индустриската зона во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран, во три патнички возила превезувале мигранти.

Како што днееска информираа од МВР, полицијата ги лишила од слобода В.Р.(22), А.Д.(24), Г.А.(23), Ф.Г.(23) и Л.Р.(20), сите од Косово затоа што со три патнички возила „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки превезувале 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет мажи, две жени и три малолетници.

– Околу 21.30 часот на стариот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници забележале дека во возилата кои ги управувале А.Д. и Г.А. влегуваат лица мигранти, додека возилото кое го управувал В.Р., а сопатници биле Ф.Г. и Л.Р., било претходница. Тие не застанале на знак за запирање и набргу ги истовариле мигрантите од возилата, но по преземени мерки возилата биле запрени, а мигрантите биле пронајдени, појаснуваат ов МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На изборите во Косово право на глас…

Централната изборна комисија на Косово денеска го…

Малолетник украл 9.000 евра од баба му…

Малолетник од село Лебуша во општина Дечане,…

ИМ СТАВАЛЕ ШАЈКИ ПОД НОКТИТЕ И ГИ…

На денешен ден пред 82 година во…

За два дена на Косово се регистрирани…

Во првите 48 часа од 2025 година…

Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има…

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека преку Државниот…