Пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пукање во семејна куќа во Оклахома
Полицијата во Оклахома Сити отвори истрага откако пет лица, меѓу кои три деца, загинаа во, како што велат иследниците, четирикратно убиство-самоубиство во семејна куќа.
Пукањето се случило во средата доцна навечер, а полицијата соопшти дека по повик ги пронашла телата на 29-годишна жена и три деца на две, пет и деветгодини, како и телото на 28-годишен маж, на терасата од семејната куќа, за кој се претпоставува дека пукал и е задржан како осомничен за убиството, јавува порталот „Ју-Ес тудеј“.
Полицијата соопшти дека мажот и жената биле во брак, но разделени и дека тој ги убил жената и трите деца пред да се застрела.
„Истрагата е во рана фаза, детективите се обидуваат да го утврдат редоследот на настаните кои довеле до масакрот“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца загинати во торнадо во Тексас и…
Најмалку две лица загинаа, а голем број…
Пет лица, меѓу кои и три деца,…
Полицијата во Оклахома Сити отвори истрага откако…
(Видео) 4 лица загинаа во кампусот во…
Најмалку четири лица се убиени во средата…