Пет лица повредени во сообраќајката во Влае: Учествувале четири возила, еден возач избегал со автомобилот
Пет лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи во близина на мостот Влајко во Влае.
Од МВР информираат дека сообраќајката кај нив е пријавена околу 17:30 часот.
-На бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(39) од Скопје, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од З.А.(29) од с.Сингелиќ, скопско, автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки управуван од Т.Т.(46) од Скопје и автомобил „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштил местото на настанот, информира МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот З.А. и неговите сопатници Р.Р.(20) од с.Сингелиќ и Ј.А.(20) од с.Батинци, скопско, возачот Д.С. и сопатникот во патничкото возило „форд фиеста“, Д.Т. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Запознаен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…