Пет лица со метални шипки и дрвени палки натепале скопјанец во дворот на Клинички
Пет лица од Злокуќани со метални шипки и дрвени палки натепале скопјанец во дворот на Клинички центар по што скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против нив.
Како што информираат од ОЈО Скопје, на 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице. По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син.
Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.
Претходно од општина Карпош реагираа на насилството кое се случува во Злокуќани, и побараа од полицијата, обвинителството и судот да реагираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…