Пет медали за македонските таеквондисти на меѓународниот турнир во Скопје

t

Значителен успех остварија младинците на македонското олимписко таеквондо на првиот ден од меѓународниот турнир Скопје Опен Г1/Е1 2026.

Нашите натпреварувачи успеаја да се закитат со пет медали од кои три сребрени и два бронзени.

Ведрана Тунески од Таеквондо клубот Бутел дојде до сребрен медал со три победи, додека Ненад Целески (ТК Хваранг фист) има сребрен медал со еден триумф.

Сребро освои и Душица Бреслиева од ТК Штип со две победи, Теодор Стојановски од ТК Бутел има бронза со две победи.

Со една победа до бронзен медал дојде Антонио Негријевски од Таеквондо клубот Феникс.

На овој силен турнир учествуваат 1000 натпреварувачи од 41 држава од целата планета, и носи бодови за олимписка норма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет медали за македонските таеквондисти на меѓународниот…

Значителен успех остварија младинците на македонското олимписко…

Бронзен медал за таеквондистот Владимир Димитриевиќ на…

Овој викенд Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ),…

Машко и женско злато за Македонија: Георгиевски…

Нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски се закити…