Објавено на:

Пет можни сценарија по изборите во Франција и опасност од длабока криза во земјата

t

Откако левиот блок освои најмногу мандати во вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, но не доволно за сам да формира влада, засега е нејасно како ќе се формира новото парламентарно мнозинство во Националното собрание.
Аналитичарите наведуваат пет можни постизборни сценарија, имајќи предвид дека левичарскиот „Нов народен фронт“ е најголемата политичка сила во новото Народно собрание со 182 пратеници, но далеку од апсолутно мнозинство, пренесува БФМ ТВ.


Во отсуство на апсолутно мнозинство, левичарската „Неосвоена Франција“, најсилната партија во победничката коалиција, предлага дел од програмата, како што се зголемување на минималната плата, блокирање на цените, откажување на пензиската реформа, да се спроведе преку декрети.
Можно е да се формира малцинска влада која ќе работи успешно“, велат од „Неосвоена Франција“ и потсетуваат дека тоа го демонстрираа Елизабет Борн и Габриел Атал.


Друго можно сценарио е републиканците да формираат блок со центристите на Макрон и, со помош на помалите десничарски партии, заеднички да располагаат со 231 пратенички мандат.
Без апсолутно мнозинство во Националното собрание, таквата коалиција би морала да се потпре на соработката и помошта на различни политички групи, во зависност од политичките агенди што би биле на дневен ред.
Третата можност што ја наведуваат аналитичарите за ТВ БФМ е т.н „Коалиција во германски стил“, т.е. соработката на социјалистите, конзервативците и центристите или Зелените.
Пресметката вели дека коалицијата на социјалистите, центристите на Макрон и републиканците би можела да има тесно мнозинство од 296 пратеници.


Но, ваквата соработка и воспоставувањето на политички сојуз меѓу левичарските, десничарските и центристичките политички партии никогаш не се реализираше за време на постоењето на Петтата република.
Четвртата можна опција е формирање на техничка влада, која би ја сочинувале експерти (економисти, високи државни службеници, дипломати…), а која би ја предводела општоприфатена политичка фигура на премиерската позиција.
Како што се додава, тоа би била супер-администрација задолжена да обезбеди континуитет на функционирањето на државата – да обезбеди плати и да ги покрие трошоците на државната администрација, да ги пренасочи потребните ресурси кон локалните, децентрализирани администрации и да управува со стотиците од милијарди евра што и се потребни на Франција за да ја зачува пазарната динамика.


Петтото сценарио предвидува неуспех на сите претходно споменати опции, а францускиот претседател Макрон нема да може да го распушти Националното собрание пред јули 2025 година, што би ја одвело Франција во длабока институционална криза и постојани гласови за недоверба на владата.
Според прелиминарните резултати од вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, кои предвреме ги објави француското Министерство за внатрешни работи, левичарската коалиција „Новиот народен фронт“ освои 182 места во националното собрание, пишува „Монд“.
Политичкиот сојуз на актуелниот француски претседател, центристичкиот блок Заедно, освои, според овие податоци, 168 пратенички места, а на трето место е партијата „Национален собир“ на Марин Ле Пен, предводена од Марин Ле Пен и Џордан Бардела со 143 освоени пратенички места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица

Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…

Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…

Пад на еврото по изборите во Франција

Еврото падна по вториот круг од парламентарните…

Пет можни сценарија по изборите во Франција…

Откако левиот блок освои најмногу мандати во…