Пет типови на мажи од алфа до омега – Кој си ти?

t

Ниту еден маж не ги одразува чистите особини од одреден тип, туку обично е комбинација на неколку типа.

Ова се основните типови на мажи именувани со грчки букви:

Алфа мажи – самоуверени, претприемчиви и ги бие глас на „лоши“
Тој е мачо тип, кој зрачи со самодоверба со малку агресија, кој е отворен, многу бара и е многу сексистички! Тоа не значи дека ги објективизира жените, но секако знае дека може да ја добие која ќе посака. А најчесто, сака некој кој е многу попослушен и со малку или без алфа карактеристики.

Важат за тешки соработници, бидејќи нивното его нагло расте секогаш кога ќе се покаже дека не се во право. Но, тоа го надополнуваат со својот шарм.

Жените нема да добијат никаква утеха или поддршка од алф-маж, а ако жената го изневери партнерот, ќе го изневери со алфа маж.

Бета мажи – добри за соработка, иако се прилично интровертни

За него обично се вели „фин дечко“. Секогаш е умерен, љубезен и сочувствителен. Тие се многу почувствителни и поемотивни од алфа мажите и се далеку поприземни. Добро ги прифаќаат критиките и се одлични соработници.

Она што им пречи на жените е нивната воздржаност и интровертно однесување. Тоа се оние момчиња кои на училиште се тивки, „бубалици“ се и веројатно малтретирани од алфа поединци. Тие израснуваат во безгрижни, емотивни фини момчиња кои по малку се идеалисти!

Жените обично претпочитаат бета мажи за животен партнер, особено ако некој алфа маж претходно им го скршил срцето. Иако подраги им се како пријатели, но не и како љубовници.

Омега мажи – опуштени, малку ексцентрични и немарливи по природа

Во секој филм на Бен Стилер има одличен пример за омега маж кој има навистина невнимателни навики. Тој е многу опуштен, малку мрзелив и се однесува како да не му е грижа за ништо на светот.

Тој е донекаде незрел, неодговорен и дефинитивно му недостига амбиција. Омега мажите се многу интелигентни, но тоа не го покажуваат бидејќи им недостасува амбиција. Можат да решат комплицирана математичка задача додека јадат пица и не им е гајле за ништо друго.

Како сопрузи, тие се мрзеливи и за сè се потпираат на сопругата, без да сакаат да помогнат во домашните работи.

Гама мажи – немирни, забавни и полни со авантуристички дух

Гама типот на маж сака да се забавува, но во исто време не ги отфрла своите обврски. Тие се дефинитивно авантуристи и имаат тенденција да станат многу немирни ако се неактивни подолго време. Можно е алфа мажот да созрее во гама маж, бидејќи тие се нивната префинета верзија.

Гама мажите се чувствителни спрема спротивниот пол и се многу свесни за потребите и природата на она што жените навистина го сакаат и прават сè што е во нивна моќ за да ги задоволат потребите на својот партнер. Тие секогаш го ставаат семејството на прво место, во која било ситуација и сценарио.

Делта маж – повлечен, огорчен и затворен

Делта мажите не поминале најдобро во играта на животот. Некогаш биле алфа, па дури и гама тип, но во одреден момент ги погодила трагедија поради која целосно се повлекле од животот. Многу се затворени и повлечени со ставот „навистина не ми е гајле“ и често се огорчени спрема некого или нешто. Поради овие причини, тие не се многу добредојдени на друштвените собири и често се осамени.

Делта мажите може да привлечат некого со слични карактеристики. Во друг случај, партнерот може да ги смета за досадни, освен ако не го променат начинот на живот, пишува „Mensxp“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашингтон Пост: Украина се мачи да најде…

Киев ја засилува граничната контрола додека десетици…

Талибанците направија распоред: Мажите и жените од…

Талибанското Министерство за промоција на доблести и…

Четворица мажи со палка тепале жена во…

Соопштението до медиумите од ОЈО го пренесуваме…

Пет типови на мажи од алфа до…

Ниту еден маж не ги одразува чистите…