Пешак од Украина загина по удар од автомобил на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце
На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М.(53) од Украина.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пешак од Украина загина по удар од…
На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР…
Популацијата во Грција се намалила за околу…
Намалувањето на населението на Грција во следните…
Путин: Односите со САД се на ниско…
Рускиот претседател Владимир Путин го оцени состанокот…
Мицкоски: 4 години потоа, нема ниту една…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски…
ДУИ: Срамна одлука на ДИК за намалување…
Демократската унија за интеграција реагира на вчерашната…