Пешевски: Еден работник прави годишен профит од околу 10.000 евра за својот работодавач
Работникот создава, газдите профитираат! – вели претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски.
– Анализите покажуваат дека во Македонија две третини од добивката завршуваат кај газдите, а само една третина оди за плати на работниците. Во Европската Унија ситуацијата е обратна — поголем дел од добивката се враќа кај работниците преку плати и надоместоци, објави весникот Вечер.
Синдикатите повторно ја отворија темата за неправедната распределба на добивката.
Според податоците на Народната банка, еден работник создава годишен профит од 300.000 до 600.000 денари за својот работодавец, кој често му исплаќа само минимална плата.
„Еден работник прави годишен профит од околу 10.000 евра за својот работодавач. Работодавците велат дека нема кадар, но вистината е дека не ги плаќаат работниците соодветно на нивниот труд,“ вели потпретседателот на ССМ за приватен сектор и Претседател на Синдикат за градежништво – СГИП Иван Пешевски за Вечер.
Тој додава дека ,,не се само платите проблем, кај нас проблем се и условите за работа. Во градежништвото, не се води сметка за безбедноста на работното место и не се вложува доволно во заштитна опрема. Друг проблем е што се работи повеќе од осум часа и се исплаќа платата во плик. Сивата економија е длабоко навлезена во бизнисот и е проблем и за правилно вреднување на трудот на работникот“.
„Не може работникот да му создава стотици илјади денари профит работодавачот, а да добива минималец,“ порачува Пешевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Галевски е јунакот на Алкалоид: „Шпага“ за…
Алкалоид обезбеди место во финалето на Европскиот…