Објавено на:

Пешевски: Почнавме во грч, но квалитетот пресуди против Гвинеја

t

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација се пласираше во втората фаза на Светското првенство 2025 година.

Тимот предводен од Кирил Лазаров направи повеќе од очекуваното во првата фаза во Вараждин, со еден бод во остатокот од турнирот, што го потврди со победата над Гвинеја 29:20 (14:10).

Лазаров ги измеша картите и им даде шанса на сите расположливи сили, со намера да играат и одморат пред продолжението на турнирот кој носи натпревари со Франција, Катар и Австрија.

– Задоволни сме од победата, можевме да бидеме подобри, но неискуството го прави своето, за некои игрчаи ова е прво или второ натпреварување. Ја видовме статистиката, имавме 20 нереализирани удари, од кои 15 беа од изградени позиции, и ако имате таква нереализација против поквалитетен противник, сигурно нема да победите. Се одлучив дел од ракометарите кои потрошија доста енергија во првите два меча. Жалиме за бодот против Унгарија, нема да коментирам што се случуваше против Холандија, за нас е најважно сега да се подготвува за следните мечеви. Ќе следува анализа на нашите нови противници, се надевам дека македонските навивачи, публиката во Вараждин ќе продолжи да биде нашиот осми играч – изјави Лазаров за Македонската Телевизија.

Според селекторот ова е млада и неискусна репрезентација, ритамот на Мундијалот е брз и веќе во понеделник ќе се прави анализа за мечот со Австрија. Лазаров не може да каже колку неговите ракометари колку ќе го прифатат тоа за краток период.

– Победивме против Гвинеја што е најважно, ја израдувавме јавноста. Почнавме во грч, но квалитетот беше пресуден. Заслужено победивме, сега ни следуваат сериозни противницни, наше е прво да се одмориме, па да се подготвуваме за Австрија, Катар и Франција. Треба да продолжиме во добар ритам и да се бориме кон нови позитивни резултати – рече репрезентативниот пикер на Македонија, Жарко Пешевски за МТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција и Германија ќе бидат домаќини на…

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…

Македонските ракометари се преселија во Берлин пред…

Македонските ракометари вчера загубија од Франција со…

Пораз на стартот на ЕП: Македонија изгуби…

Ракометната репрезентација на Македонија во натпреварот кој го одбележа…

Македонските ракометари одиграа нерешено со Грција

Македонската машка ракометна репрезентација ремизираше вечерва против…

Македонскиот “октопод” го предводи идеалниот тим на…

Македонскиот репрезентативец и член на Порто, Никола…