Пешки до седница – блокадата на законодавниот дом нема да ги спречи пратениците, Гаши не верува дека ќе дојдат со кола

t

Блокадите на Собранието утре нема да го стопираат работното темпо на пратениците, а полицијата ги презема сите мерки за ред и безбедност. Спикерот Африм Гаши очекува пратениците да дојдат пешки и нагласува дека работата ќе продолжи додека се почитува правото на протест. Во однос на барањата за повисоки плати, Гаши е на став дека е потребна анализа за нивелирање според важноста на функциите во државата.

Пратениците на работа додека синдикалците протестираат. „Не верувам дека некој од пратениците ќе дојде со возило“, кажа првиот парламентарец Гаши, на денешниот брифинг со медиумите. Убеден е дека блокадите нема да влијаат на распоредот за работа на народните избраници. Влезовите во кругот на Собранието ќе бидат блокирани ама за возилата, а претседателот не очекува дека тоа ќе биде случај и со самите порти на собраниската зграда. Полицијата прави проценки како најдобро да се реагира, а луѓето од кабинетот добиле уверување дека сите мерки се преземени.

„Им наложив на сите координатори да разговараат со пратениците и да најдат начин да дојдат на седница без да го попречуваат правото на протест на граѓаните. Дали ќе доаѓаат пешки, дали ќе доаѓаат порано, не знам. Ние треба да продолжиме да работиме. МВР ги презема сите свои мерки и се надевам дека сѐ ќе биде мирно и ќе тече како што треба“ – Африм Гаши – Претседател на Собранието на РС. Македонија.

Запрашан дали пратениците и во таков случај ќе добијат исплата на патни трошоци, Гаши одговара дека процедурата е определена со закон, Деловник и одредби – ако нема фискална, нема ниту исплата на патни трошоци, но тоа не е обврска на претседателот да го утврди.

Околу барањата на синдикатите за повисока минимална плата, спикерот е на став дека тоа е комплексно прашање за кое партиите треба да заземат свој став.

На прашањето – дали има преголеми разлики помеѓу функционерските и работничките плати, Гаши со лично мислење дека треба да се направи најпрво една анализа, а потоа и нивелирање на платите според приоритет – кои функции се најважни во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пешки до седница – блокадата на законодавниот…

Блокадите на Собранието утре нема да го…

Штипјанецот Стојанче Зарков доби казна доживотен затвор…

Штипјанецот Стојанче Зарков доби казна доживотен затвор…

Аматерски обид? Анализа на случајот со киднапирањето…

Полковникот на МУП Милан Миловиќ, кој повеќе…

Томовски: Точно е дека фалело храна и…

Прехранбени залихи од 70.000 евра што ги…

Левица: Мајчинството не смее да биде причина…

На утрешната собраниска седница, на дневен ред…