Пивоваров: Палевски ја одложува екстрадицијата од Турција
Нормално е дека нивните адвокати ќе се обидуваат да ja одложат екстрадицијата, но задача на државата Турција е да постапи по нашето барање, кое беше во сите експресни рокови напишано и испратено. Често, пракса е во вакви случаи, каде што со оглед на тежината на делото затворската казна е речиси однапред позната, да се користат сите можни механизми тоа да се одложи, вели националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.
– Ова беше еден многу тежок случај, каде што имавме Н.Н. извршители. Можам да потврдам дека ова е школски пример на брзо и ефикасно решавање на еден комплициран случај за кој колегите од соседните држави буквално ни пружија рака за професионалноста. Без разлика на тоа што го зборуваат политичките парти, дека имало вакви или онакви пропусти. Да потсетам, веднаш по стапувањето на функцијата, министерот Панче Тошковски поведе истрага преку внатрешната контрола на МВР да се проверат тие информации и на крај ова што го кажувам го потврди и таа контрола.
Значи, во моментот на напуштање на државата полицијата, сѐ уште нема ништо цврсто за Палевски за да може да му се забрани излез од државата. Тоа се добива веќе во следните неколку дена, кога експресно е ставен на меѓународна потерница. Значи граничните служби немале законска задача да го сопрат тоа лице.Јавноста сака да теоретизира и да мисли дека сѐ може да се реши во секунда. А, во пракса тоа се тешки моменти за оперативците, кои токму поради вакви притисоци од јавноста и избрзување, може да направат многу грешки, што не беше случај во оваа истрага.Сепак, ќе мора докрај да дочекаме да се заврши екстрадицијата, кога сите досега прибрани вербални и материјални докази ќе се спротивстават на она што може да го каже и другата страна, која сигурно има и своја верзија на настаните, вели Пивоваров.
според него во многу весници однапред се прејудицираше дека злосторникот е тој, а сѐ уште ја немаме слушнато другата страна.
-Да, МВР има цврсти докази, кои многу веројатно се точни, но ние како јавност не треба да судиме пред судот, туку да ја сочекаме целата процедура до пресудата. Верувам дека многу скоро ќе дојде екстрадицијата, која е клучна за ова правно да се заврши. Нормално е дека нивните адвокати ќе се обидуваат ова да го одолжуваат, но задача на државата Турција е да постапи по нашето барање, кое беше во сите експресни рокови напишано и испратено.Често, пракса е во вакви случаи, каде што со оглед на тежината на делото, затворската казна е речиси однапред позната, да се користат сите можни механизми тоа да се одложи. Палевски знае што го чека во Македонија и веројатно затоа се фаќа за секоја сламка во Турција, вели Пивоваров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…