Пирс Морган: Тен Хаг е идиот

t

Англискиот новинар Пирс Морган го нарече менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, „идиот“ во емисијата Breakfast на Talk Sport.

Морган, поранешен репортер на CNN, денес има своја емисија „Без цензура“ на YouTube. Тој е познат по бескомпромисниот коментар, но и по исклучителното фаворизирање на Кристијано Роналдо со кој имаше ексклузивно интервју откако Португалецот го напушти Манчестер Јунајтед.

„Некои мислат дека Роналдо повеќе не може да се сфати сериозно како играч бидејќи се пресели во Саудиска Арабија. Тоа е целосна глупост, нема подобар стрелец во светот од Кристијано Роналдо. Синоќа погоди статива и постигна гол. Тен Хаг е идиот. Жал ми е, ама така е.

Зборува глупости. Сега тој вели дека не е Хари Потер. Тен Хаг е сè она што Роналдо ми го кажа во интервјуто. Тој е како мал учител во основно училиште кој не знае како да се однесува со паметни ученици.

Погледнете само кои таленти не ги препозна – Роналдо, Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд… Тој само знае како да донесе играчи од Ајакс. Не ми се верува дека го кажувам ова, но Јунајтед е уште полош од минатата година“, рече Морган.

Кристијано Роналдо постигна два гола на последните два натпревари во Лигата на нации. Погоди против Хрватска и Шкотска. Во Манчестер Јунајтед, Роналдо не беше миленик на Тен Хаг, што резултираше со грда разделба во ноември 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…