ПИСА: Учениците од Македонија имаат успех под просекот во Западен Балкан
Аларманти податоци покажуваат резултатите од последното истражување на ПИСА. Министерот за образование Јетон Шаќири откри дека учениците во Македонија се под просекот во Западен Балкан.
„Мерење на меѓународните истражувања покажуваат дека нашите ученици имаат успех под просекот во Западен Балкан во земјите во ЕУ. Повеќето ученици до 19 години не постигнуваат основно ниво, според последните тестирања на ПИСА“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
ПИСА е најголемото светско меѓународно истражување во образованието во кое се вклучени ученици на 15 годишна возраст. Се спроведува уште од 2000та година од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и во истото се вклучени повеќе од 85 земји учеснички. Преку ова тестирање се мери примената на знаењата од научната писменост, математичката писменост, писменоста за читање на учениците, а во 2022 година за прв пат ќе се мери креативно размислување на учениците.
С. Македонија преку Министерството за образование и наука до сега има учествувано во три циклуси: ПИСА2000, ПИСА2015, ПИСА2018. Оваа година беше наше четврто учество во студијата, а реализатор е Државниот испитен центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…