Објавено на:

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

t

Европската Унија верува дека сите политички сили во Македонија ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат, порача денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро во однос на очекувањата од утрешните претседателски и парламентарни избори.

– Ние јасно ја поддржуваме перспективата за членство на Македонија во ЕУ и се надеваме дека ќе бидеме во можност да го отвориме преговарачкиот процес што е можно поскоро, изјави Писонеро, посочувајќи дека Европската Унија внимателно го следи процесот на претседателските и парламентарните избори.

Таа нагласи дека Европскиот совет во своите заклучоци даде јасни индиции за неговите очекувања од земјата, потенцирајќи дека „Македонија се обврза да го измени Уставот“.

Во заклучоците посветени на проширувањето од последните самити на ЕУ се посочува дека Европскиот совет е подготвен да ја свика следната Меѓувладина конференција без дополнителни одложувања и без дополнителна политичка одлука во најскоро време.

Македонија ќе ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во Заклучоците на Советот од јули 2022 година. Советот ја повикува Македонија да го забрза усвојувањето на овие измени, по што е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, согласно Преговарачката рамка.

– Се надевам дека и Македонија и Албанија ќе може да ги отворат преговорите по Првиот кластер – Основни права, што е можно поскоро. Одлуката за тоа кога ќе бидат свикани следните Меѓувладини конференции сега е во рацете на земјите членки, додаде Писонеро.

На прашање дали судскиот процес против албанскиот градоначалник припадник на грчкото малцинство во земјата, што е причина Грција да го блокира на стартот на преговорите на Албанија по кластери, ЕУ го смета за билатерален спор или за прашање поврзано со почитување на човековите права, Писонеро изјави дека Комисијата не коментира постапки кои се во тек, но смета дека билатералните прашања не би требало да бидат причина за блокирање на преговарачкиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…