Пишува историја: Софија Жирау беше првиот модел на Викториа’с сикрет со Даунов синдром – сега само небото ѝ е граница

t

Софија Жирау влезе во историјата како прва манекенка на Викторија’с сикрет со Даунов синдром, откако им се придружи на 17 други жени во лансирањето на новата кампања на брендот.

Софија Жирау, 25-годишна порториканска манекенка и активистка, им соопшти на своите обожаватели и следачи дека учествува во новата кампања на американскиот бренд за долна облека, „Викторија’с сикрет“. Модната линија е наречена „Love Cloud“, и се работи за колекција лежерна долна облека.

Кариерата на Софија добива на интензитет откако дебитираше на пистите на Модната недела во Њујорк во февруари 2020 година. Оттогаш таа го привлече вниманието на модната индустрија. „Викторија’с сикрет“ покрена низа иницијативи изминативе неколку години за да се обиде да го врати кредибилитетот поради намалената продажба и претходни обвинувања за сексуални злосторства и вознемирување на моделите.

Новите потези на компанијата го вклучуваат и првиот градник за жени подложени на мастектомија, различни бои на долна облека за различни тонови на кожа, како и ангажирање на трансродовиот модел Валентина Сампајо. Таа беше вработена по критиките дека на компанијата ѝ недостигаат различности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илјадници луѓе во Софија со митута молк…

Илјадници синоќа со едноминутно молчење во Софија…

Само во Софија 100 лица се пријавиле…

Само во Софија над 100 лица се…

Жена избодена во трамвај во Софија!

34-годишна жена е избодена со нож во…

Бугарија го смени името на аеродромот во…

Со указ од 17 февруари 2025 г.…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…