Пијани Британци украле “Голф” од скопски таксист па направиле сообраќајка во Гази Баба
Четворица млади Британци биле уапсени откако му го украле „Голфот“ на таксист од Скопје, по што ја удриле колата во банкина во Гази Баба, соопшти полицијата.
„Денеска (23.05.2022) во 05.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто”, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија. Околу 01.50 часот тие одзеле такси возило „Фолксваген Голф” со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба“, пишува во полицискиот билтен.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдени машини од градилиште на пругата Куманово…
Непознати лица украле машини на компанија која…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…
Дрска кражба во скопско: Од врат ѝ…
На 31.05.2024 во 19:45 часот во СВР…
Петков им изрази сочувство на роднините на…
„Автомобилот со кој вечерва одевме за Варна…
Украден сеф од објект во Карпош!
Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…