Пијан возач со 2,48 промили удрил во возило на кејот во Охрид

t

Полициски службеници од СВР Охрид на 31 јануари 2026 година, во 02:55 часот, го лишиле од слобода Л.С. (52) од Охрид, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување моторно возило“ по член 297 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, на пресекот на кејот „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, Л.С., управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „голф“, исто така со охридски регистарски таблици, кое го управувала Г.А. (22) од Охрид.

По извршеното алкотестирање, полициските службеници кај Л.С. констатирале 2,48 промили алкохол во крвта, по што веднаш му биле одземени возачките документи и бил исклучен од сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан возач со 2,48 промили удрил во…

Полициски службеници од СВР Охрид на 31…

Турски државјани фатени како криумчарат мигранти во…

Лишени од слобода две лица турски државјани…

72-годишна жена од Штип измамена за 2.600…

На 28.01.2026 во 13:53 часот во СВР…

Трагедија во Возарци: Почина 24-годишно момче, го…

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото било…