Пиљарата“ што свечено ја отвори премиерот сè уште затворена – нема технички прием, а чинеше 420.000 евра
Локалниот огранок на Левица од Неготино жестоко ја критикува работата на градоначалникот Горан Стојанов, откако новоизградениот објект – т.н. „пиљара“, иако свечено отворен од страна на премиерот, сè уште не е ставен во функција.
Во своето соопштение, Левица посочува дека објектот чинел над 420.000 евра, и покрај тоа што, како што велат, пазарната вредност е значително пониска. Дополнително, според нив, објектот не ги исполнува основните технички услови, поради што не може да профункционира.
„Како е можно еден ваков нефункционален објект да чини толку скапо? Како може на урбана опрема да се поставува камен темелник, и тоа во присуство на премиерот?“, прашуваат од Левица, алудирајќи на партиска злоупотреба и сомнителен избор на изведувач, кој, според нив, често бил ангажиран од градоначалници на ДПМНЕ.
Левица бара градоначалникот Стојанов јавно да одговори зошто надзорот не ги пријавил недостатоците, како и дали проектот бил наменски „раздут“ за да се испумпаат јавни пари. Тие повикуваат на транспарентност и одговорност пред граѓаните, наместо, како што велат, криење зад партискиот штит.
Целото соопштение на Локалниот огранок на Левица од Неготино во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…