Планирал љубовна вечер со две жени, но добил ќотек и останал без 200 илјади денари: Поведена истрага против две жени и двајца мажи
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.
— реклама —
На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во “поубав и поевтин хотел”.
— реклама —
Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.
— реклама —
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Планирал љубовна вечер со две жени, но…
Истрага против четири лица – двајца мажи…
Две жени го намамиле, двајца мажи го…
Истрага против четири лица – двајца мажи…
Принцот Филип Караѓорѓевиќ ги повика властите да…
Принцот Филип Караѓорѓевиќ упати јавен апел до…
Купувачот на „Лукоил“ го негира руското влијание
Швајцарската компанија за трговија со стоки „Гунвор“…
Ѓорчев: Да се изгласа со големо мнозинство…
Во вечерашната емисија Директно Марјан Ѓорчев, поранешниот…