Планираниот напад на концертот на Свифт бил само „игра со идеи“, тврди одбраната
Aдвокатка на главниот осомничен за планирањето на напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена на 11 август, Ина-Кристин Стиглиц, се обиде да ја намали сериозноста на планот, велејќи дека нејзиниот клиент само „играл со идеи“, јавува новинската агенција Ројтерс.
Трите планирани концерти на Свифт оваа недела беа откажани откако австриските власти открија план, наводно, предводен од 19-годишник, да изврши самоубиствен напад инспириран од ИСИС, на фудбалскиот стадион Ернест Хапел, каде што десетици илјади обожаватели планираа да присуствуваат на шоуто.
Главниот осомничен е Австриец со корени од Северна Македонија. Тој ветил верност на терористичката група Исламска држава, соопштија властите.
Признал откако полицијата упаднала во неговата куќа, при што запленила хемикалии, мачети и други направи кои заговорниците планирале да ги употребат во бомбашки напад.
За овој настан беа приведени тројца осомничени.
Адвокатката изјавила дека младите биле вмешани во ИСИС само во изминатиот месец.
„Тоа го интересираше“, изјавила таа, сугерирајќи дека нејзиниот клиент навистина немал намера да изврши сериозен напад.
По откажаниот концерт на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт како резултат на спречениот напад, Обединетите нации (OН) на седницата на Советот за безбедност предупредија на зголемениот ризик од тероризам предизвикан од ИСИС-Хорасан (авганистански огранок на терористичката група „Исламска држава“).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИД презеде одговорност за смртоносниот напад во…
Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад…
Планираниот напад на концертот на Свифт бил…
Aдвокатка на главниот осомничен за планирањето на…
Украинскиот заменик министер за енергетика приведен поради…
Заменик министерот за енергетика на Украина е…
Земјотрес во Македонија
Слаб земјотрес со јачина од 2,2 степени…
Турскиот министер за одбрана: НАТО мора да…
Турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер денеска…