ПЛАНОВИ ЗА КУРСК: Украинците сакаат да создадат воена администрација?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разгледува можноста за создавање украинска воена администрација во Курската област.
Тој изјави дека имал состанок посветен на безбедносната и хуманитарната ситуација во руската област Курск, каде што украинската армија спроведува невидена досега прекугранична офанзива.
„Безбедност, хуманитарна помош, воспоставување воена администрација ако е потребно“, напиша Зеленски на „Телеграм“, објавувајќи видео од состанокот со високи претставници од Киев.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук објави дека Киев планира да отвори коридори за евакуација на цивили од руската област Курск кон Украина и обратно. Таа додаде дека ќе се организираат хуманитарни мисии за поддршка на локалното население и ќе се обезбеди пристап до областа на меѓународни хуманитарни организации.
Верешчук изјави дека Украина создава „зона на безбедност“ во Курск за да ги реализира овие намери.
Претседателот на Русија, Владимир Путин е во „апсолутен шок“ по упадот на украинските сили во Курск, изјави поранешен руски премиер и критичар на Путин за BBC News. Михаил Касјанов вели дека ова е „сериозен психолошки удар“ за Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПЛАНОВИ ЗА КУРСК: Украинците сакаат да создадат…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разгледува можноста…
НУДАТ ВИСОКА ПЛАТА: Русите бараат копачи на…
Русија вработува ровокопачи за плата од 3.600…
Пливачката легенда Томи Стефановски исплива 15 километри…
Во рамки на хуманитарниот настан „Пливање за…
И мачките познаваат жалост по смртта на…
Да се измерат и проучат одредени чувства…
ДПА: Мнозинството во Германија е незадоволно од…
Германците долго време се незадоволни од својата…