Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%,  Филков го потпиша колективниот договор

t

Министерот за правда Игор Филков  заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ )  го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%.

Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази:

7% зголемување  од 1 март 2026 година;

7% дополнително зголемување  од 1 март 2027 година;

7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.

Колективниот договор дополнително предвидува:

-Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време.

-Јубилејни награди

-Регрес за годишен одмор

-Заштита од вознемирување на работното место

-Мерки за безбедност и здравје при работа

За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност,ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Шабан Салиу со службена „шкода“ во…

Радио Слободна Европа го „улови“ министерот без…

ОНЛАЈН ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ПОТВРДИ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ…

Потврдите за неосудуваност од основните судови, односно…

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Министерот за правда во Франција обвинет за…

Во Франција денеска почна судењето без преседан…

Суспендиран израелскиот министер Елијаху откако предложи да…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го суспендира…