Платите и дежурствата на специјализантите и младите лекари се исплаќаат по добиена согласност од Фондот
Во врска со реакцијата на специјализанти и млади лекари, поврзана со исплатата на плати и дежураства, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје информира дека по добиената согласност од Фондот за здравствено осигурување, од 26 јануари, направени се пресметки за исплата на плати за овој месец, како и за декември и по истите ќе биде постапено во целост, се наведува во пишаната изјава на в.д. медицинскиот директор, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ.’
– По однос на исплата на надоместоци за дежурства за осми и деветти месец лани, извршена е исплата, а за месеците 10, 11, 12, како и за први годинава, ќе биде извршена исплата по добиена согласност од ФЗОМ. ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ги поддржува приватните специјализанти во обавување на својата специјализација, но исплатата на плати и надоместоци од плати, може да се врши исклучиво согласно Законот за здравствена заштита, а по добиена согласност од ФЗОМ, се додава во изјавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекувањето во странство нѐ чинело пет милиони…
Намалување на бројот на барања за лекување…
Британец починал на Клиника, бил донесен во…
Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…
ЦДЦ: Украинците носат резистентни болеси во Европа
Бактериски резистентни инфекции кои се регистрирани на…
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…
Отворање на Центар за фетална медицина во…
На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…