Плевнелиев: Владата на Петков направи хаос во случајот со Македонија

t

Владата на премиерот Кирил Петков направи хаос во надворешната политика, особено во случајот со РС Македонија, економијата и владата. Ова го изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев.

Тој рече дека на чело на државата се некои случајни луѓе кои се водени од омраза.

„Влегоа во институциите и почнаа да го бришат успехот на надворешната политика и економијата. Секаде гледаме уривање, нема изградба“, изјави Плевнелиев.

Поранешниот претседател ја коментираше и изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, која вчера рече дека има сериозни несогласувања меѓу Министерството за надворешни работи и надворешнополитичкиот тим на премиерот Кирил Петков за прашањето за евроинтеграциите и преговорите со Македонија.

„Не е чесно од страна на Владата, со оглед на тоа што има консензус во општеството и одлука на парламентот, да се делува задкулисно во однос на Северна Македонија. Доказ за тоа е што Генчовска не знае што прават премиерот и неговите советници“, категоричен е Плевнелиев.

Тој нагласи дека политиката за Северна Македонија треба да се стави на маса, а не да одлучуваат некои советници.

„ЕУ е унија на вредности. И ако овие вредности се владеење на правото и човекови права, Бугарија мора да добие гаранции дека мора да се почитуваат Договорот за пријателство и добрососедство, како и правата на граѓаните“, рече ексретседателот.

За работата на Мешовитата комисија за историски прашања, за која Петков тврдеше дека постигнала значителен напредок, Плевнелиев рече: „Прогрес ќе има само кога ќе видиме некаква промена во нивните учебници. Тоа воопшто не се случи“.

Тој, исто така, не ја исклучи можноста дека премиерот Петков дал некакви ветувања за брзо започнување на преговорите за Македонија со ЕУ без исполнување на условите на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Археолози открија автохтон натпис на сад при…

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“,…

Николова: Хаос со актите во образование, се…

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…

Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…