Пленковиќ утре во официјална посета на Македонија

t

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски на церемонија со највисоки државни и воени почести ќе го пречека Пленковиќ, кој предводи делегација во која се високи владини претставници за економски прашања и за надворешни работи и членови на хрватскиот Сабор.

Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница. На средбата, како што соопшт

Веднаш по церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба на Ковачевски и Пленковиќ, по што ќе следува билатерални разговори на двете делегации. Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

Хрватскиот премиер Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…