(Видео) Столтенберг со шокантно признание за војната во Украина

t

Генералниот секретар на НАТО, потврди дека Русија ја нападнала Украина за да превенира проширување на НАТО.

Исто така Столтенберг призна дека НАТО можела да ја превенира војната, доколку се согласела на црвените линии на Русија околу приемот на Украина во НАТО.

„Русија во есента 2021-ва година испрати предлог договор до НАТО кој бараше НАТО да се откаже од проширувањето со Украина“ рече Столтенберг. Тој додаде дека тоа бил предусловот за Русија да не ја нападне Украина. „Се разбира ние тоа го одбивме“, рече Столтенберг и додаде дека Путин барал НАТО да престане со ширењето со други земји.

Путин исто така барал од НАТО да ја повлече целата воена инфраструктура од земјите кои влегоа во алијансата по 1997-ма година, кажа Столтенберг и додаде дека ние тоа одма го отфрливме како неприфатливо.

„Значи Путин влезе во војна за да превенира НАТО да се шири кон границите на Русија, но тој уствари го доби токму спротивното со војната во Украина. Нато го зголеми своето воено пристуство на руските граници“, кажа Столтенберг. Финска се придружи во НАТО, а Шведска наскоро ќе стане полноправна членка, додаде тој.

Кога Путин реши да изврши инвазија врз европска земја, бидејќи посакувал помалку НАТО во Европа, тој го доби токму спротивното, повеќе НАТО во Европа, се пофали Столтенберг.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…