Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија во центарот на градот!
Благодарение на силниот и истраен притисок од граѓаните на Општина Кичево, кои во изминатите три месеци преку редовни протести гласно и јасно го искажуваа својот револт, надлежните институции конечно започнаа со решавање на осумгодишниот проблем со ДЕПОНИЈАТА лоцирана во срцето на градот, инофрмираат од Левица.
– Ова претставува уште еден доказ дека кога целта е заедничка и водена од интересот на заедницата, секоја иницијатива, протест и граѓански ангажман може да донесе конкретни резултати.
Сега е време сите граѓани на Република Македонија да излезат од рамките на комфорното секојдневие и да го подигнат својот ГЛАС. Само преку јавно и гласно делување можеме да укажеме на тоа дека одредени состојби мора да се променат.
Упатуваме искрени честитки до кичевчани и граѓанските активисти кои се на чекор до целосно решавање на овој долгогодишен еколошки проблем.
Горди сме што дел од нашите членови активно учествуваа во протестите, ставајќи ги колективните интереси пред партиските и личните – и на тој начин придонесоа за заедничка победа. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…
Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…