Победа пред победа: Македонија У21 ја “тепаше” Босна и Херцеговина
Репрезентацијата на Македонија до 21 година вторпат ја победи Босна и Херцеговина во Скопје, овојпат со 2-1. На тест дуелите против балканскиот ривал, селекторот тестираше млади сили и веројатно идните носители на играта. Погодоците на тренинг центарот „Петар Милошевски“ паднаа во првото полувреме, а потоа се одигра мирно продолжение без преголеми возбудувања.
Надежите на Драги Канатларовски отворија многу подобро од ривалот. Македонија имаше неколку одлични шанси, еднаш се тресеше и стативата со удар од петерецот пред да падне водечкиот погодок. Резултатот го отвори Арда Окан Курталан, талентираниот фудбалер од Фенербахче по полуконтра во 24. минута.
Македонија не отстапи од офанзивната игра, вторпат се тресеше рамката од голот на гостите пред да падне нов погодок. Курталан одново го покажа својот раскошен талент и со еврогол ја удвои позитивата во 34. минута (2-0). Пред полувремето и Босанците успеаја да дојдат до гол, па на пауза се замина со неизвесни 2-1.
Двајцата селектори по паузата направија многу промени, па поради тоа опадна темпото на игра. Македонија имаше предност и не притискаше премногу, а Босна и Херцеговина немаше сили да го загрози нашиот гол. Вистинските можности во продолжението изостанаа во целост, па натпреварот заврши со резултатот поставен во 41. минута.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…
Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…
Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…