Објавено на:

Поведена истрага против 20-годишен битолчанец за препродажба на марихуана

t

Основното јавно обвинителство – Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, набавил марихуана од лице од Кичево за износ од 10.000 денари, па на 2 јуни ја нудел на продажба на две лица од Битола. Притоа, полициски службеници ги затекнале во визба од зграда на улицата „Кочо Рацин“ и кај осомниченото лице пронашле 116,5 грама марихуана и две дигитални ваги.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основен суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…