Поведена постапка против лицето кое се заканувало дека ќе ја нападне косовската амбасада во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено дека им се заканувало на вработените во амбасадата на Косово во Македонија, јавува МИА.
Обвинителството Скопје поведе постапка за сторено кривично дело загрозување на сигурноста
На 6 ноември, осомничениот сериозно се заканил дека ќе ги нападне животите и телата на повеќе службеници вработени во Амбасадата на Косово во Скопје, што предизвикало чувство на несигурност, опасност и страв кај жртвите“, се вели во соопштението на обвинителството.
Според нив, тоа лице се јавило на службениот телефон на амбасадата од мобилен телефон и се заканувало дека ќе ја нападне амбасадата и нејзините вработени доколку не биде примена на итен состанок.
За непречено водење на постапката и обезбедување присуство на осомничениот, јавниот обвинител достави предлог до судијата за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, привремено одземање на патните исправи, забрана за посета на амбасада, како и забрана за приближување и воспоставување контакт со амбасадорот и другите вработени во таа институција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…