Објавено на:

Повеќе од три милиони бегалци се вратиле од ЕУ во Украина

t

Повеќе од три милиони украински бегалци веќе се вратија во Украина од ЕУ, додека околу 3,7 милиони луѓе останаа во земјите на Унијата, изјави на прес-конференција европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Податоците што ги имаме се дека 6,7 милиони Украинци влегле во Европската унија, а околу три милиони се вратиле“, рече таа.

Според неа, има информации дека 3,5 милиони се вратиле во Украина, додека 3,7 милиони поднеле барање за привремена заштита.

„Некои прво се регистрираа во земјата на влез, а потоа во следната земја, така што тука има одредено преклопување, но би рекол дека има од 3,2 до 3,7 милиони украински бегалци на територијата на ЕУ“, рече Јохансон.

Таа додаде дека Чешка има најголем број украински бегалци по глава на жител, а потоа следат Полска и Естонија.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…