Повеќе од 1.000 тужби против Мерц за Газа
Над од 1.000 тужби се поднесени против канцеларот Фридрих Мерц поради неговата континуирана поддршка за Израел во војната во Газа, пишуваат германските медиуми.
Од крајот на минатата недела, повеќе од 1.000 тужби се поднесени против Фридрих Мерц, одговори Канцеларијата на федералниот државен обвинител во Карлсруе на прашање од германското списание Фокус. Речиси идентичните тужби се однесуваат исклучиво на улогата на Германија во војната на Блискиот Исток.
Минатиот четврток, ТВ Мајнфранкен детално извести за тужбата што ја поднесе на суд Селина Фистер, претседателка на округот Ашафенбург од партијата Левица.
Германската политичарка го обвинува Фридрих Мерц за вмешаност во злосторства против човештвото и воени злосторства во врска со геноцидот во Појасот Газа. Селина Фистер ја обвинува федералната влада дека ја игнорира ситуацијата и поддржува насилство со одобрување на извоз на оружје и избегнување санкции. Според неа, ова претставува соучесништво во можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 1.000 тужби против Мерц за…
Над од 1.000 тужби се поднесени против…
Ердоган вети дека ќе го зголеми притисокот…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот…
Над 100 луѓе се убиени во израелски…
Повеќе од 100 лица се убиени во…
ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа…
„Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт…
„Војна не се добива на сметка на…
„Војна не се добива на сметка на…