Повеќе од 100 македонски научници со индигнација ги отфрлаат препораките на историската комисија како ништовни!

t

Повеќе од сто македонски научници, професори и истражувачи со индигнација ги отфрлаат Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и ги сметаат за псевдонаучни, поради неколку причини, кои детално ги објаснуваат.

Научниците и истражувачите објавија заедничка изјава по повод „Препораките за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“.

Нивната изјава ја пренесуваме во целост:

Имајќи ги предвид етичките кодекси на академската заедница, современите научни методи и парадигми, автономноста на научно-истражувачката дејност, како и интегритетот на македонските општествени, хуманистички и историските науки, ние, припадниците на академската и научно-истражувачката заедница од Република Македонија, со индигнација ги отфрламе Препораките на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и истите ги сметаме за псевдонаучни, поради следниве причини:

– „Препораките…“ го игнорираат фактот дека ‘историското право’ не е призната категорија во меѓународното право, па следствено – за историските прашања не се валидни политичките спорови и договори.

– „Препораките…“ ја интерпретираат, па и ја ревидираат македонската и регионалната балканска историја на начин кој има политички претекст, поради што отстапуваат од принципот на научност и етичност.

– Политичкото инсистирање да се усвојат билатерални препораки за историја која има мултилатерален и унилатерален карактер, па не може да се официјализира како „заедничка“ бугарско – македонска историја, претставува повреда на референтната парадигма на хуманистичките науки.

– Под привид на реципроцитет, „Препораките…“ промовираат метод на арбитрарно и пристрасно толкување на историските факти, личности, настани и процеси кои се значајни за повеќе народи, култури, држави и епохи.

– Во овие „Препораки…“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката.

– „Препораките…“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација.

– Иако историјата на Македонија и на Македонците е повеќедимензионална и опфаќа повеќе историски епохи и цивилизациски констелации (античка, средновековна, нововековна, современа), во „Препораките…“ се маргинализираат цели епохи од национална, регионална и меѓународна важност.

– Во контекст на македонската историја, Македонија може и треба да се проучува, културолошки, тематски и методолошки, на повеќе начини: како територија (геополитички), како држава, како нација која има свој сопствен развоен културен и политички континуум – од етнос до македонска политичка нација и признат меѓународно правен субјект.

– Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување.

Поради сето ова, ги сметаме за ништовни и нерелевантни за нашата понатамошна научно истражувачка дејност т.н. „Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија…“

Потписници:

акад. Катица Ќулавкова

акад. Љупчо Коцарев

акад. Ѓорги Поп Атанасов

акад. Зузана Тополињска

акад. Витомир Митевски

акад. Марјан Марковиќ

акад. Митко Манџуков

акад. Леонид Грчев

проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ

проф. д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ

проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ

проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки и политичко правни истражувања, УКИМ, Скопје

проф. емеритус Горан Калоѓера, дописен член на МАНУ

проф. д-р Александар Атанасовски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Војислав Саракински, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Коста Аџиевски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Михајло Миновски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Стефан Пановски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Виолета Ачкоска, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Драги Митревски, Институт за историја, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Никола Минов, вонреден професор, Филозофски факултет

проф. д-р Марјан Јованов, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Виктор Лилчиќ, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. Д-р Антонио Јакимовски, Институт за археологија, Филозофски факултет, УКИМ проф. д-р Бошко Ангеловски, Институт за старословенска култура, Прилеп

проф. д-р Ели Луческа, Инститyт за старословенска култура, Прилеп

проф. д-р Ели Милошевска, Институт за старословенска култура, Прилеп

д-р Наде Проева, редовен професор во пензија, Филозофски факултет, УКИМ

проф. д-р Митко Б. Панов, Институт за национална историја, Скопје

проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, Институт за национална историја

проф д-р Габриела Топузовска, Институт за национална историја

проф. д-р Лидија Ѓурковска, Институт за национална историја

проф. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска, Институт за национална историја

проф. д-р Катерина Тодороска, Институт за национална историја

проф. д-р Вера Гошева, Институт за национална историја

проф. д-р Теон Џинго, Институт за национална историја

проф. д-р Драгица Поповска, Институт за национална историја

проф. д-р Горѓи Чакарјаневски, Институт за национална историја

проф. д-р Марјан Димитриевски, Институт за национална историја

проф. д-р Ѓорги Малковски, Институт за национална историја

проф. д-р Новица Велјановски, Институт за национална историја

проф. д-р Александар Манојловски, Институт за национална историја

проф. д-р Лилјана Гушевска, Институт за национална историја

проф. д-р Нада Јурукова, Институт за национална историја, Скопје

проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова, Институт за национална историја

проф. д-р Елизабета Демитрова, Институт за историја на уметност, Филозофски факултет

проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Правен Факултет “Јустинијан Први”, УКИМ

д-р Симона Груевска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Александра Ѓуркова, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“- Скопје, УКИМ

д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ

проф. д-р Билјана Ванковска, Филозофски факултет – УКИМ, Скопје

проф. д-р Јасна Котеска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје

проф. д-р Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност – Скопје, УКИМ

д-р Велика Стојкова Серафимовска, виш научен соработник, ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“, УКИМ

проф. д-р Иванка Василевска, Правен Факултет „Јустинијан Први“, Скопје, УКИМ

проф. д-р Стојко Стојков, УГД, Штип

проф. д-р Тодор Чепреганов, УГД, Штип

д-р Катица Топлиска-Евроска, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, УКИМ

д-р Олгица Додевска-Михајловска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Гоце Цветановски, научен советник/редовен професор, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

проф. д-р Сузана Миовска – Спасева, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

д-р Катица Трајкова, научен советник, Институт за македонски јазик “Крсте Мисирков”,

д-р Снежана Петрова-Џамбазова, виш научен соработник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Наталија Андријевска, научен советник, ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, УКИМ

д-р Весна Миовска, научен советник, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

д-р Елеонора Серафимовска, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

д-р Маријана Марковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

д-р Марија Топузовска Латковиќ, научен советник, Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, УКИМ

проф. д-р Наташа Аврамовска, раководител на Институтот за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Маја Јакимовска – Тошиќ, Институт за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Илија Велев, Институт за македонска литература, УКИМ

проф. д-р Валентина Христовска-Миронска, Институт за македонска литература

проф. д-р Славчо Ковиловски, научен советник, Институт за македонска литература д-р Билјана Рајчинова Николова, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Ема Лакинска, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Жарко Иванов, соработник истражувач, Институт за македонска литература

м-р Славица Петровска Ѓорѓевска, соработник истражувач, Институт за македонска литература

проф. д-р Љубица Станковска, Институт за македонски јазик

д-р Иван Иванов, Меѓународен балкански универзитет, Скопје

проф. д-р. Антоанела Петковска, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Ило Трајковски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Константин Миноски, Филозофски факултет – Скопје, УКИМ

проф. д-р Солза Грчева, редовен професор во пензија, УГД – Штип

проф. д-р Мимоза Серафимова, УГД, Штип

проф Ѓорѓи Серафимов, УГД, Штип

д-р Бранислав Светозаревиќ, Архив на Р. Македонија

м-р Александар Јорданоски, лингвист и специјалист за културно наследство

проф. д-р Мишо Нетков, ЕСРА, Скопје

проф. д-р Слоботка Алексовска, ПМФ, УКИМ

проф. д-р Верица Јосимовска, УГД Штип

проф. д-р Михајло Марковиќ, Универзитет во Тетово

проф. д-р Благица Петковска, Педагошки факултет, УКЛО

проф. д-р Игор Улчар, Факултет за ветеринарна медицина – УКИМ

проф. д-р Богдан Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ

проф. д-р Јане Богданов, ПМФ – Скопје, УКИМ

проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, Технолошко-металуршки факултет, УКИМ

доц. д-р Соња Николова, историчар

д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на Р. Македонија

д-р Јасмина Дамјановска, Архив на Македонија

проф. д-р Марина Цветковска, Универзитет на Отава, Канада

д-р Ведрана Цветковска, МекГил Универзитет

поф. д-р Игор Јанев, научен советник, Институт за политички науки Белград

проф. д-р Гоце Андревски, Квинс Универзитет, Канада

проф. д-р Марјан Попов, Технолошки Универзитет – Делфт, Холандија

д-р Александар Шулевски, научен соработник, Лајден Универзитет, Холандија

проф. д-р Каланоски Димитрија, Универзитет на Манчестер, Велика Британија

проф. д-р Тихомир Стојановски, Факултет за драмски уметности

проф. д-р Валентина Божиновска, Факултет за драмски уметности

д-р Ник Анастасовски, историчар, македонска заедница од Мелбурн

д-р Ивица Баковиќ, доцент, Филозофски факултет, Загреб, Хрватска

д-р Марјан Патлиџанковски

д-р Зоран Богоевски, историчар

д-р Ицо Најдовски, историчар

м-р Марјан Гијовски, Архив на Р. Македонија

м-р Цуте Крајчевски, Архив на Р. Македонија

м-р Филип Марковски, историчар

м-р Игорче Дунимаглоски, историчар

Јулија Митревска, историчар

Слободан Ников, историчар

Кирил Јордановски, историчар

Филип Аџиевски, историчар

Васко Гичевски, историчар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Диносаурусите сè уште постојат на други планети,…

Диносаурусите можеби биле изумрени пред повеќе од…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…