Повеќе од 28.000 навивачи ги бодреле македонските фудбалери вчера

t

На вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Италија на националната арена Тодор Проески имало повеќе од 28.000 навивачи, соопштија од македонската фудбалска репрезентација.

– Драги навивачи на македонската репрезентација,

Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас, 28.126 илјади, кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против европскиот првак, Италија.

Беше навистина возбудливо да се видат повеќе од 28.000 илјади навивачи кои безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.

Навистина сме горди на тоа што со Вашата поддршка, фудбалерите покажаа одлучност, самодоверба и желба за победа.

До следниот предизвик,

Напред Македонија – велат од репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром удри на плажа во Италија, најмалку…

Најмалку три лица се повредени денеска, од…

Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…

Како што најавуваат градските власти на Венеција,…