Објавено на:

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако брод потона северно од брегот на Мозамбик

t

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако брод потона северно од брегот на африканската земја Мозамбик, соопштија локалните власти.
Официјални лица во провинцијата Нампула соопштија дека пет од 130-те лица за кои се верува дека биле на бродот што потона во близина на островот Мозамбик, во истоимената африканска земја, се спасени, јави Би-Би-Си.


Се вели дека патниците бегале од епидемија на колера, изјави секретарот на провинцијата Хаиме Нето, додавајќи дека меѓу загинатите има многу деца.
„Превртувањето се случи затоа што бродот беше преполн, не беше дизајниран да превезува толку многу патници“, рече Нето.
На видеото на социјалните мрежи се гледаат десетици тела на плажа.
Бродот патувал од Лунка кон островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула, јави португалската јавна телевизија РТП.
Провинцијата Нампула е една од најтешко погодените од епидемијата на колера, која од јануари минатата година се прошири во неколку земји во јужна Африка.
Според УНИЦЕФ, сегашната епидемија е најлоша во изминатите 25 години.
Од октомври 2023 година, Мозамбик пријавил 13.700 случаи на колера, додека 30 луѓе починале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

Во Арапското Море киднапиран уште еден товарен…

Инцидентот бил пријавен во четвртокот во близина…

Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел

Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…

Крстаречки брод со 206 патници заринка кај…

Крстаречки брод со 206 патници и членови…

Првиот брод исплови од Мариупол

Откако руските сили го окупираа Мариупол по…