Повиците за меѓународна арбитража за Иловица-Штука се неодговорни, цената ќе ја платиме сите

t

Со загриженост ги следиме јавните повици на дел од активистите државата намерно да го турка случајот „Иловица – Штука“ кон меѓународна арбитража. Таквите повици не се во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните. Напротив, тие се правно ризични и можат Македонија да ја чинат десетици милиони евра особено имајќи предвид дека домашните судови веќе донесоа одлуки со кои укажаа на пропусти, велат од локалната иницијативата „И здравје и работа“.

Меѓународната арбитража не е место каде што се водат политички битки или се исполнуваат желби на поединци. Таму се оценува дали државата ги почитувала сопствените закони, преземените обврски и принципите на правна сигурност. Доколку арбитражниот суд оцени дека тие биле прекршени, сметката нема да ја плати инвеститорот, туку сите граѓани преку државниот буџет.

Затоа е погрешно и неодговорно однапред да се навива за арбитража, како тоа да е победа за некого. Тоа не е победа, туку сериозен ризик Македонија да исплаќа милионски оштети наместо тие средства да се вложуваат во здравство, образование, инфраструктура или повисок животен стандард

Како локална иницијатива која се залага за економски развој преку почитување на високи еко стандарди сметаме дека институциите треба доследно да ги почитуваат судските одлуки, да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи.

Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи.

Во целата оваа дебата не смее да се заборави уште една важна работа – Македонија има потреба од нови инвестиции, нови работни места и поголем извоз. Проектот „Иловица – Штука“ претставува инвестиција од околу 350 милиони евра, која според проектните проценки може да отвори околу 500 директни и до 3.000 индиректни работни места, да донесе десетици милиони евра годишни приходи за државата, дополнителни средства за општините и значително да го зголеми извозот на земјата. Во време кога младите масовно се иселуваат, а државата бара начини да го намали трговскиот дефицит и да го забрза економскиот раст, не можеме однапред да ги отфрламе инвестициите што имаат потенцијал да придонесат за развој.

Токму затоа сметаме дека единствениот исправен пат е институциите мирно, професионално и согласно закон да ја завршат целата постапка. Проектот треба да биде оценуван според фактите, современите еколошки стандарди и важечките закони, а не според стравови, политички притисоци или желби за судски пресметки.

Македонија нема потреба од нови арбитражи и милионски оштети. Македонија има потреба од правна сигурност, одговорни институции и мудри одлуки што ќе ги штитат и јавниот интерес и иднината на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повиците за меѓународна арбитража за Иловица-Штука се…

Со загриженост ги следиме јавните повици на…

Македонија стои во место и покрај огромното…

Побарувачката за критични минерали рапидно расте поради…

15 ИНВЕСТИЦИИ БИ ДОНЕЛЕ 300 МИЛИОНИ ЕВРА,…

Mеѓународниот монетарен фонд посочува власта да го…

Канада интензивно ископува руда за да има…

Канада интензивно ископува критични минерали и ги…

Новата фискална стратегија ги охрабрува инвестициите како…

Надлежните најавуваат дека идниов период ќе се…