Повод за официјална војна: САД ќе испорача ПРО системи со долг дострел во Украина?!
Медиуми: Америка ќе испорача ПРО системи со долг дострел во Украина
Соединетите Американски Држави се подготвени да испорачаат ракетни одбранбени системи со среден и долг дострел на Украина, објави телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информиран извор од американската администрација.
„Во текот на неделата, САД ќе објават дека купиле напредни системи земја-воздух за Украина“, изјави извор на американската телевизија. Покрај тоа, САД, како одговор на барањата на украинските сили, се очекува оваа недела да објават дека имаат намера да достават и муниција и радари во Киев.
Соговорникот на телевизијата потсетува дека Киев претходно побарал од Вашингтон ракетни системи НАСАМС кои можат да погодат цел на оддалеченост до 160 километри, но не е прецизирано дали Украина ќе добие токму таков тип ПРО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…