Повредените во „Пулс“, бараат докторката Катерина Паниќ да остане во кочанската болница!
Директорката на кочанската болница доктор Кристина Серафимова потврдува дека во болницата во Кочани останува докторката Катерина Паниќ како што побараа преживеаните во стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Директорката вели дека наводите во писмото испратено од страна на повредените е оправдано, но и болницата се труди со натчовечки напори да одговори на потребите.
„Благодарни сме им за нивниот ангажман и давање се од себе за децата да се чувствуваат сигурно и безбедно. Реакцијата на децата е оправдана, но ние како институција ја почитуваме волјата на нашата докторка за нејзино напредување во повисоки здравствени институции. Нејзината желба да замине во друга институција не го загрозува процесот на рехабилитација на децата, затоа што за нив ќе продолжат да се грижат врвни професионалци од хирургијата, како и хирурзи кои доаѓаат, доктор Јасмина Георгиевска, директор на Клиника за пластична хирургија со тим од пластична хирургија Скопје, потоа доктор Никола Костадинов, физијатар од Клиничка болница Штип и професионалци кои се обучени од овие области, доктор Симона Јованова – физијатар со целата екипа. Поврзаноста на нашата докторка со децата ќе остане засекогаш и тоа нас како институција не прави посебно горди и нејзиниот ангажман продолжува во кочанската болница“, вели директорката на ЈЗУ болница Кочани Кристина Серафимова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…