Повредените од Кочани да бидат особено внимателни во идниот период: Не се изложувајте на сонце, не користете непроверени производи!
Лекарите апелираат пациентите кои се здобиле со изгореници од трагедијата во Кочани, да бидат внимателни, да не користат креми и преврски купени преку интернет, бидејќи тоа може дополнително да ги оштети раните и за сè да се консултираат со лекар.
Исто така, велат дека во првата година треба максимално да избегнуваат изложување на сонце, а кога веќе мораат да излезат, да користат креми со заштитни фактори и да бидат облечени така што телото да не биде изложено на сончевите зраци.
За секоја промена на кожата која може да се појави кај пациентите во наредниот период, лекарите апелираат пациентите редовно да одат на прегледи, бидејќи ризикот од инфекции е висок.
Лекарите исто така апелираат пациентите да имаат трпение, бидејќи закрепнувањето од изгорениците нема да биде краткотраен процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…