ПОВРЕДЕНИ 2 ЛИЦА: Сообраќајка кај кавадаречкото село Марена, имало заглавено лице во едното возило
Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што вечерва се случила кај кавадаречкото село Марена. Ова го потврдија за МИА од Службата за итна медицинска помош. Началникот на службата, доктор Ратко Грков рече дека според првичните информации, полесно е повредено уште едно лице. Двете лица биле пренесени во кавадаречката болница.
Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, појасни за МИА дека во тешка сообраќајка едно лице е потешко повредено и пренесено во општа болница Кавадарци. Се судриле товарно моторно возило Сканија и патничко моторно возило голф, двете возила со кавадаречки регистарски ознаки. Засега не можеше да каже повеќе детали.
На самото место интервенирала и противпожарната служба, бидејќи имало заглавено лице во возило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…