Повторно активна „Јавна соба“: Фрчат експлицитни фотографии и видеа
На социјалната мрежа Телеграм повторно е отворена нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјалните мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.
Групата за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.
Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.
Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група.
Јавното обвинителство во април по силни реакции во јавноста поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно активна „Јавна соба“: Фрчат експлицитни фотографии…
На социјалната мрежа Телеграм повторно е отворена…