Објавено на:

Повторно голем број санкционирани возачи за едно деноноќие во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за возачи почетници, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за неносење на сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување…

Полициски скужбеници од повеќе сектори за внатрешни…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…