Повторно Грција ќе помага да се изгаси пожарот кај Дојран
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор, но, само 2 од нив се активни.
Ангелов појасни дека најтежок пожар во моментов имаме кај село Николиќ, во атарот на општина Дојран.
-Тоа е пожар што се одвива неколку дена. Рано утринава испративме еден армиски хеликоптер кој што прецизно дејствуваше по линијата на пожарот, но тешко беше да се стави под контрола поради ветрот. Во моментов, се уште е активен и бидејќи е раширен на поголема територија и претставува опасност да се прелее на околните шуми, во соработка со колегите од грчка страна, кој што понудија поддршка со два канадери, го активиравме ЕУ механизмот. Тие треба да започнат со дејство во секој момент, рече првиот човек на ДЗС.
По потреба на располагање на имаме еден полициски, еден армиски хеликоптер, како и два „ер-трактори“ на на ДЗС. Ангелов наведе дека избил уште еден пожар на територија на општина Крива Паланка на местото каде што беснееше пожарот од пред неколку дена. На теренот се екипи кои треба да интервенираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно Грција ќе помага да се изгаси…
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информира дека…
(Видео) Градоначалникот на Дојран бара помош: СОСТОЈБАТА…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ!!! Потребна…
(Видео) Голем пожар и во Дојран: „Авион…
На социјалните мрежи се споделуваат снимки од…
(Видео) Ангелов отиде во Чучер-Сандево и порача…
Откако Инфомакс објави видеа од пожарот во…
ЦУК: Пожарот во Самоков беше веднаш изгаснат…
Регионалниот центар за управување со кризи Македонски…