Повторно лажни вести од провладините портали: Градот Скопје ги демантира лажните информации пласирани во јавноста дека Противпожарната бригада е без гориво
За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.
Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање.
Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху на гости во Белата куќа на…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го угости…
(Видео) Митовски: Крива Паланка аплицираше со четири…
Сѐ уште нема одговор од Владата за…
Пожар во галијата на Вардар кај „Холидеј…
Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар…
Митовски: Историски најлош извештај за Македонија од…
Ова е најлош извештај на ЕУ за…
Шекеринска ќе ја посети Атина
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска ќе…